Земете шише од лабораторијата
За микробиолошка анализа мора стерилно шише од самата лабораторија. Шише од сок, колку и да е измиено, не служи.
Моментално сме премногу зафатени. Затоа телефонските броеви се привремено скриени. Оставете понуда или барање во Контакт и ќе ве побараме. Ќе се ослободиме по 15 јануари.
Бистра вода не значи исправна вода. Нитратите, бактериите и тешките метали не се гледаат, не се мирисаат и не се вкусуваат. Единствениот начин да се знае е лабораториска анализа.
Водата од нов бунар не се смета за вода за пиење додека не дојде наод од лабораторија. Се прават два вида анализа: микробиолошка, за колиформни бактерии и Ешерихија коли, и физичко-хемиска, за нитрати, амонијак, тврдост, железо и манган. Мострата се носи во Центар за јавно здравје или во акредитирана лабораторија, во стерилно шише и истиот ден.
Додека не дојде наод од лабораторија, водата од нов бунар не е вода за пиење. Може да се користи за наводнување, за двор и за перење, но не за пиење и не за готвење.
Анализата обично има два дела и вреди да се направат двата.
| Установа | Што работи |
|---|---|
| Центар за јавно здравје во вашиот град | Основни физичко-хемиски и бактериолошки анализи на вода за пиење. Прво место каде се оди и најблиско до повеќето луѓе. |
| Институт за јавно здравје | Акредитирана лабораторија, стручна и методолошка помош и посебни анализи што центрите не ги работат - пестициди, паразитолошка и радиолошка анализа. |
| Приватни акредитирани лаборатории | Постојат и такви. Важно е да бараат акредитација, инаку наодот не вреди пред ниту еден орган. |
Погрешно земена мостра дава погрешен наод. Ова се прави вака:
За микробиолошка анализа мора стерилно шише од самата лабораторија. Шише од сок, колку и да е измиено, не служи.
Десетина минути, за да излезе водата што стоела во цревото и во инсталацијата. Се зема вода од бунарот, не од цревото.
Не го допирајте грлото на шишето ниту внатрешноста на капачето. Полни се до врв, без меурче воздух.
Во ладно, најдобро во преносен фрижидер, и истиот ден. Мостра што стоела преку ноќ на топло дава наод за самата себе, не за бунарот.
Затоа што нитратите и бактериите се невидливи и немаат вкус. Најопасните работи во водата се токму оние што не се забележуваат.
Мострата се носи во установа и наодот се води на името на сопственикот и на неговиот бунар. Кога ќе стигнете до тој чекор, јавете се и ќе ви кажеме што да побарате и како да ја земете мострата за наодот да значи нешто.
Зависи од тоа што е лошо. Понекогаш се решава со филтер или со UV ламба, понекогаш со поправка на затворањето на бунарот одозгора, а понекогаш водата останува само за наводнување.
Најчесто да, зашто подлабокиот слој е подобро заштитен. Но не е правило: и длабока вода може да носи железо, манган или соли од самата карпа.
Моментално сме премногу зафатени, па телефонските броеви се скриени. Ќе се ослободиме по 15 јануари. Кажете што ви треба и ќе ве побараме.